Breaking Жестока расправија меѓу Филипче и Славески за „Алта банка“ – гувернерот му порача: Разумен човек би го избришал срамниот пост!
4NEWS.mk

Студентите на Филолошкиот факултет од Штип ќе имаат можност за платена пракса

Филолошкиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“- Штип  и Германскиот деск „Проспертoп“ денеска  потпишаа Меморандум за соработка кој на студентите ќе им овозможи платена пракса, а најдобрите ќе можат да добијат и вработување.

– Овој потпишан Меморандум ќе значи отскочна штица за студентите на овој факултет со тоа што ќе имаат платен тренинг, односно пракса и шанса за понатамошно вработување во нашите компании, рече Мартин Петровски, менаџер на Германскиот деск „Проспертоп“.

Деканот на Филолошкиот факултет Драгана Кузмановска изјави дека оваа соработка оди во прилог на студентите на факултетот.

– Германскиот деск е подготвен да им овозможи платена пракса во парните семестри. Тие се обврзуваат да понудат различни видови обуки во делот на англистиката, германистиката и италијанистиката и најпрво ќе се запознаат со овие вештини, вели Кузмановска.

 Студенти, кои се заинтересирани  можат да ја посетат веб страната, prospertop.mk и да се информираат за критериумите.

Извор: Сител телевизија

Ноќно студио

Најнова епизода

Барутана, „Треска“ и кула од 105 метри: Каде оди Скопје? Ноќно студио со Билјана Ф. Тодорчевска

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни