Тетовскиот универзитет по маил и по пошта го известил Артан Груби дека веќе не е професор по новинарство, бидејќи отсуствувал долго време без оправдување. Сега студентите ќе останат покуси за еден професор кој и практично можеше да им објасни како се водат серија на портали од министерска зграда и како се прави пропаганда.
БИРН неодамна пишуваше за медиумската хајка која беше организирана против претседателката на Врховниот суд, Беса Адеми.
Истражувајќи, БИРН ги доведе сајтовите во врска со функционерот од ДУИ и директор на Државната лотарија, Перпарим Бајрами, човек што е исклучително близок до првиот вицепремиер и втор човек на ДУИ, Артан Груби. И двајцата сега се воо бегство поради направен криминал во Државна лотарија и се бараат со меѓународна потерница.
Redakcija.mk и desk.mk, во македонскиот интернет-простор ги регистрирала фирмата „Инфините солушнс 2023“, агенција за маркетинг, основана, како што покажува и нејзиниот назив – годинава и тоа во март. Во фирмата нема вработени.
Основачка и сопственичка е Иљириана Бајрами од кумановско Ваксинце. За неа нема информации дека има медиумски или новинарски бекграунд – дека некогаш работела во медиуми или ги управувала.
БИРН ја контактираше сопственичката на новите портали, на телефонот на нејзиното работно место во Министерството за финансии. По првичниот разговор во кој нe` упати да ја побараме подоцна, веќе не беше достапна за коментар.
Според информациите на БИРН, таа е сопруга на Кујтим Бајрами, шеф на кабинетот на директорот на Државната лотарија, Перпарим Бајрами.
Според наши извори, Кујтим и Перпарим се братучеди. За нивните релации како и за работата на сајтовите, освен од Иљириана, побаравме коментар и од Кујтим и од Перпарим Бајрами, но до објавувањето на овој текст, не добивме одговор на нашите прашања.