Лекарскиот тим кој се грижи за словачкиот премиер Роберт Фицо по минатонеделниот атентат денес потврди дека неговата состојба е субјективно подобрена, соопшти прес-службата на словачката влада.
Фицо се лекува во болницата Рузвелт во Банска Бистрица, јави ТАСР.
Фицо минатата среда беше застрелан од 71-годишниот писател Јурај Цинтула, кој веднаш беше приведен од полицијата.