4NEWS.mk

Судењето за „Тортура“ вратено на почеток

Поради смена на поротник и изминати 90 дена од последното рочиште, судењето за предметот „Тортура“ кое се однесува на начинот на лишување од слобода на лидерот на Обединети за Македонија Љубе Бошкоски денеска започна одново.

На почетокот на рочиштето бранителот на обвинетите го оспори овластувањето на обвинителите Љубомир Лапе и Гаврил Бубевски да го застапуваат предметот, на што тие реагираа дека на минатото рочиште доставиле уредно овластување од државниот јавен обвинител.

Во предметот обвинети се поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, поранешниот прв човек на „Алфите“ Ивица Антевски Пуки и уште петмина припадници на единицата, за апсење на Бошкоски

Извор: Сител телевизија

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни