Судијата на Обединетите нации Лидија Мугамбе е обвинета дека измамила млада жена да дојде во Велика Британија од Уганда додека студирала на докторат, а потоа ја принудила да и биде робинка. Случајот во полиција бил пријавен пред две години.
Мугамбе беше обвинета дека „на најбезобразен начин го искористила нејзиниот статус“ во врска со нејзината наводна жртва.
Таа, наводно, ја спречила младата Уганданка да има постојан работен однос и ја принудила да работи како нејзина слугинка и бесплатно да се грижи за нејзините деца. Судијата ги негира обвинувањата, пишува Би-Би-Си.
Обвинителите тврдат дека Мугамбе, која е и судија на Високиот суд на Уганда, од самиот почеток имала намера „да добие некој што ќе и го олесни животот по најниска можна цена за тие услуги“.
Таа, наводно, се договорила со заменик високиот комесар на Уганда, Џон Леонард Мугерва, за да се договори младата жена да дојде во ОК.
Судот наведува дека двајцата се договориле да „разменат услуги“. Мугерва, наводно, организирал Високиот комесаријат на Уганда да го спонзорира влезот на жената во ОК во замена Мугамбе да се обиде да разговара со судијата задолжен за правната постапка во која беше именувана Мугерва.
Мугамбе е обвинета и дека го организирала патувањето на наводната жртва „со цел на експлоатација“ и дека се обидела да ја „заплаши“ нејзината жртва да се откаже од нејзиното барање.
Обвинетата судијка претходно ѝ кажала на полицијата дека има „дипломатски имунитет“ и дека не може да биде уапсена поради нејзината работа како судија во Уганда и во ОН.
На крајот беше потврдено дека Мугамбе нема дипломатски имунитет во Велика Британија.
Според нејзиниот профил на ОН, Мугамбе се појавила на списокот на судијата во мај 2023 година – три месеци откако полицијата била повикана на нејзината адреса во Оксфордшир.
Судењето, кое се очекува да трае три недели, продолжува.