Судијката Јадранка Дабовиќ-Анастасовска поднесе оставка од Уставниот суд

Судијката Јадранка Дабовиќ-Анастасовска си поднесе оставка од Уставниот суд.

Според информации на 4news.mk, оставката веќе е официјално доставена до Собранието.

Се работи за професорка од Правниот факултет „Јустинијан Први“, која на 12 декември 2023 година беше избрана за судијка во Уставниот суд.

Таа дојде на како наследник на пензионираниот судија Јован Јосифовски.

Засега нема информации за причините за нејзината оставка, а Собранието треба да расправа за понатамошната постапка по доставениот материјал.