Две години казна затвор доби обвинетиот Менсур Пајазити.
Ваква одлука донесе судот во Тетово по денешното рочиште на кое се појави и Пајазити, а откако му беше прочитано обвинението, истиот ја призна вината.
Тој е обвинет дека во септември 2022 година, ја прегази 22-годишната Теодора Ристевска. Претходно, тетовскиот суд пресуди три и пол години затвор за возачот. Тој ја обжали казната, а Вишото јавно обвинителство во Гостивар ја прифати жалбата, а Апелациониот суд во Гостивар ја намали казната на Пајазити на две години затвор.
Претходното рочиште, пред две недели, беше одложено, бидејќи, како што тогаш информираше судијата, обвинетиот бил на лекување и не може да присуствува.
Пајазити е обвинет за „Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ од ставот 4 за кој е предвидена затвор од една до пет години.