Во Основниот кривичен суд Скопје денеска заврши сослушувањето на вештите лица во случајот „Штекли“. Судот најави дека на следното рочиште, закажано за 13 октомври, ќе одлучи дали предметот ќе биде даден на супер вештачење или ќе продолжи главната расправа.
Фокусот на денешното рочиште беше психичката состојба на обвинетиот Раде Трајковски – Штекли. Вештото лице Оливера Поповска од Психијатриската болница Скопје изјави дека тој е во добра психичка состојба и дека нема знаци на шизофренија, иако покажува дисоцијални и шизотипни црти.
Одбраната, пак, предводена од адвокатот Сашко Дуковски, го оспори вештачењето, тврдејќи дека е изведено спротивно на Законот за кривична постапка, бидејќи не било одобрено од Судечкиот совет.
Судијата Илија Трпков најави дека Судот ќе ги разгледа сите вештачења пред да донесе одлука. Главната расправа продолжува на 13 октомври.
Читај и ова:
- 1.Го славиме Свети Јован Богослов, апостол и евангелист
- 2.Со нож сакал да го нападне роднината – кривична против маж од Тетово
- 3.ЕУ и ОН повикуваат на почитување на договорот: „Страдањето мора да заврши“
- 4.Кривична пријава против две лица за криумчарење мобилни телефони „Ајфон“, случајот откриен на ГП Ново Село
- 5.Дневен хороскоп – четврток – 9 октомври 2025 година