Жалбата која полномошникот на Артан Груби ја поднесоа до Кривичен суд за 30 дневен притвор е одбиена, и притворот за поранешниот вицепремиер останува на сила. Притворот ќе важи од првиот момент кога ќе биде достапен за органите на прогонот.
Груби се сомничи за малверзации во Државна лотарија, односно за набавка на ВТЛ апаратите. По него е распишана меѓународна потерница исто како и по поранешниот директор на Лотарија, Перпарим Бајрами.
На двајцата им беше одреден 30-дневен притвор, кој Груби го обжали предку својот адвокат.