Судот привремено ја запре одлуката на Трамп за испраќање на Националната гарда во градот Вашингтон

Федералниот суд денес привремено го запре планот на американскиот претседател Доналд Трамп за испраќање припадници на Националната гарда во градот Вашингтон, нанесувајќи им привремен правен удар на неговите напори за распоредување на војската во американските градови и покрај противењето на локалните власти.

Судијката на окружниот суд во округот Колумбија, Џија Коб, привремено ја блокираше администрацијата на Трамп да распореди припадници на Националната гарда во главниот град за да го спроведуваат законот без согласност на градоначалникот, пишува „Американ Политико“.

Коб го одложи спроведувањето на својата одлука до 11 декември за да ѝ даде време на администрацијата да поднесе жалба.