Македонија

Сугарески: За 2 години реализирани 700 километри патна мрежа, 400 километри се во изградба

СДСМ за 2,5 години реализираше 700 километри патна мрежа, уште 400 километри се во изградба, а 300 километри ќе почнат да се прават на пролет, истакна членот на ЦО СДСМ Горан Сугарески на трибината под мотото „На прав пат“ денеска во Прилеп.

Тоа е неспоредливо многу повеќе отколку ВМРО ДПМНЕ за 11 години.

Гасоводот Скопје – Тетово- Гостивар ќе биде завршен идната година, завршен е до Прилеп- Неготино, идната година ќе биде и до Битола, готова е пругата Куманово – Бељаковце, како и Битола – Кременица, изградени се 60 километри водоводи и канализација, 180 километри се во фаза на изградба рече Сугарески.

Кога СДСМ беше опозиција 17 пати го предлагаше законот за минимална плата, за стечајни работници, а ВМРО-ДПМНЕ ни се смееше и по секое одбивање на законските предлози во центарот на Скопје никнуваше по еден споменик, истакна Сугарески

Сега минималната плата е зголемена од 9 на 14.500 денари, сега е решен статусот на 12 илјади стечајни работници, кои сегаат земаат паричен надоместок, нагласи Сугарески.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни