Сведочи таткото на убиената Вања: Александар Ѓорчевски денеска пред судот за помагање во грабнување на сопствената ќерка

На денешното рочиште за двојното убиство на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жежовски, своето сведочење пред судот ќе го даде Александар Ѓорчевски — татко на Вања, кој е обвинет дека помогнал во грабнувањето на сопствената ќерка, со цел за неа да биде побаран откуп.

Обвинителството тврди дека токму Александар му дал информации на првообвинетиот Љупчо Палевски – Палчо, кога девојчето се движи само до училиште, без сестра ѝ. Според наводите, ова било клучно за да се организира грабнувањето, по што Вања беше свирепо убиена на 27 ноември 2023 година.

Одбраната на Ѓорчевски, предводена од адвокатот Владимир Туфегџиќ, ги отфрла обвинувањата како неосновани и тврди дека обвинението е резултат на лошо спроведена истрага. „Александар не ги познава обвинетите, нема поврзаност со нив и нема умисла за грабнување. Мотивот за користољубие не е докажан“, изјави Туфегџиќ.

И обвинетите Велибор Манев, Боре Видевски и Влатко Кешишев сведочеа дека не го познаваат Ѓорчевски, ниту пак дека Палевски комуницирал со него. Тие тврдат дека биле подложени на полициска тортура за да го посочат таткото како вмешан.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното