Сведок: Задната врата на „Пулс“ се користела при рации за излез на малолетници

Во сведочење пред судот за случајот „Пулс“, сведокот Петар Марковски изјави дека постоеле информации оти задната врата на дискотеката се користела како алтернативен излез при полициски рации, со цел малолетни лица да го напуштат објектот. Тој посочи дека за ваква пракса слушнал во периодот додека со години ја посетувал дискотеката, но не наведе конкретен настан на кој лично сведочел.

Марковски зборуваше и за организацијата на влезот, посочувајќи дека обезбедувањето проверувало лични документи и ставалo печати на рацете на гостите. Во сведочењето наведе и дека и претходно забележувал присуство на малолетници во дискотеката. Овие наводи се дел од доказната постапка за условите и начинот на работа на објектот.