Сведокот Мартин Саздов за случајот со Ивана и Катја: Од денот на трагедија како животот да ми застана

Во скопскиот Кривичен суд денеска продолжи процесот против Стојанче Јовановски, обвинет за наведување на самоубиство на своите ќерки Ивана и Катја, кои трагично починаа на 2 март 2026 година по пад од балкон во скопската населба Тафталиџе.

На денешното рочиште беше испитуван сведокот Мартин Саздов, поранешен пријател на обвинетиот. Саздов откри дека од 2 март неговиот живот се променил: „Од тој датум како животот да ми застана. Немам веќе мотивација за живот“, рече тој.

Сведокот се запознал со Јовановски во 2021 година на работа во Пожарна, каде се дружеле две години, заедно со Ивана. Саздов посочи дека нивното пријателство завршило кога дознал дека Стојанче имал врска со неговата девојка. И покрај тоа, двајцата останале колеги, но во различни станици.

Мартин Саздов раскажа дека во август 2025 година во август 2025 година му се јавила Ивана во еден навечер со плачење.

-Ми рече: „Извини што ти ѕвонам толку касно, немам на кого да му се јавам, јас и Катја сме пред Штип, може ли да дојдеш да не земеш, Стојанче нè тепаше и нè исфрли од кола“. Се облеков, отидов да ја земам. Прво не можев да ја најдам Ивана, па таа ми кажа дека се на пет километри пред Штип позади банкина, се криеле со Катја. Ми рече дека се наоѓа на автопатот од страната за накај Скопје. Ѝ реков да излезе да ја видам каде се наоѓа точно, свртев назад кон Скопје и ги видов од десната страна како стојат покрај банкината. Ивана беше целата модра, искубана, плачеа двете со Катја. Ги земав и заминавме накај Скопје. Ја прашав каде да ја однесам, ми рече страв ми е да одам дома, да не ме тепа пак. Ја прашав дали да ја однесам кај мајка ѝ, но таа одговори дека не сака мајка ѝ да ја гледа во таква состојба. Ја однесов кај мене, сестра ми беше дома, јас реков ќе излезам, да не ви биде незгодно. Требаше сабајле да одам на работа, тие да си седат раат, рече Саздов.

Тој детално опиша дека додека ги враќал двете дома, забележал модрици и повреди кај Ивана. Ивана и Катја му раскажале дека биле физички нападнати, нарекувани со навредливи зборови и исфрлени од автомобилот.

Саздов додаде дека претходно се обидел да ја спречи насилноста на Јовановски, но не успеал поради ситуацијата.

Судскиот процес продолжува со цел да се утврди одговорноста на обвинетиот и сите околности поврзани со трагедијата.