Свеста на надлежните органи задолжени за чиста околина е на многу ниско ниво, обвинуваат од Граѓанската иницијатива “Не биди ѓубре”. Велат дека не знаат што е пострашно, дали тоа што надлежните органи не знаат дека има автомобилски гуми во најголемата река во земјава, или можеби знаат а не преземаат никакви акции за чистенје на ѓубрето.
Во соработка со неколку нуркачки здруженија, тие утрово извадија десетина автомобилски гуми од Вардар додека спроведуваа акција за чистење на кејот од реката во центарот од градот.

Бараат одговорност од надлежните и казни за тие што не ја чуваат чиста својата околина.
Очекуваат од власта да смислат и имплементираат мерки за почиста околина, исто како што изобилуваат со идеи во предизборните кампањи.
Мирјана Јовеска