Светна Камениот мост: Повторно блеска во полн сјај

Камениот мост вечерва повторно привлече внимание на скопјани откако беа вклучени новите светилки што го осветлуваат овој историски симбол на главниот град.

По извесен период во кој дел од расветата не функционираше, мостот конечно е целосно осветлен.

Поставените светилки даваат поинтензивно, рамномерно и топло светло, со што нагласени се камените структури и архитектонските детали на мостот.

Граѓаните кои вечерва поминуваа низ центарот на Скопје велат дека Камениот мост изгледа „повеличествено од кога било“ и дека осветлувањето значително го подобрува ноќниот изглед на градот.

Со повторното „светнување“, овој монументален мост останува едно од најпрепознатливите и најубави места за ноќна прошетка во Скопје.