Патриотизмот е токму спротивно од национализмот. Ајде да ги градиме нашите надежи, наместо да се плашиме едни со други, порача францускиот претседател Емануел Макрон на комеморацијата за 100 годишнината од крајот на првата светска војна и потпишувањето на Версајскиот договор во Париз.
Светските лидери оддадоа почит на девет милиони и седумстотнини те илјади војници и исто толку загинати цивили.
Меѓу 70-ина претседатели, премиери на службата кај Триумфалната порта беа и претседателите на САД и Русија Доналд Трамп и Владимир Путин.
За прв пат на една ваква церемонијата присуствува и Германија претставувана од канцеларката Ангела Меркел, како поразена земја. Во рамки на одбележувањето се одржа и првиот Париски мировен форум на иницијатива на Макрон, како одговор на тензиите и конфликтите што владеат во светот.
Додека конвојот на Трамп се движеше кон Триумфалната капија, демонстрантка тргнала кон неговата поворка која на нејзиното тело ги имала напишано зборовите „лажен миротворец.“
Меѓу шефовите на држави и влади, во Париз беше и македонскиот претседател Ѓорге Иванов.