СВР Тетово расветли 17 кривични дела, ги извршил 29-годишен гостиварец

Секторот за внатрешни работи Тетово-Надворешна канцеларија за криминалистички работи Гостивар целосно расветли 17 кривични дела, од кои 6 тешки и 11 кражби на исто толку велосипеди.

Осомничен дека е сторител на кражбите е 29-годишниот гостиварец Б.С, против кого вчера ( 13 декември ) беше поднесена кривична пријава до Основното јавно обвинителство Гостивар.

Се вчитува...

Пријавениот Б.С. кражбите ги извршил годинава на повеќе различни локации во Гостивар и противправно се стекнал со вкупна имотна корист која се проценува на 478 лјади денари.

Извор: ТВ21