Светската здравствена организација испрати свој инспектор во Белорусија по што порача
„Белорусија мора да го прекине фудбалскиот шампионат“.
Да потсетиме дека во оваа земји сеуште се игра фудбал единствено од сите европски земји кои се борат со пандемијата од Ковид -19 па тоа и предизвика интерес кај здравствените работници од СЗО кои на терен го испратија Д-р Патрик О,Конор со цел да ја сними состојбата.
По направените статистички анализи СЗО веднаш повика на запирање на настаните со присуство на голем број учесници, вклучувајќи ги и фудбалските средби бидејќи тука најлесно се шири вирусот.
„Случаите со бројот на позитивните во Белорусија двојно се зголемува на секои 2-3 дена. Тоа е опасно. Од податоците што ги поседуваме јасно е дека тука има континуиран раст на случаи на позитивни на заразата. Оттука и повикот „да се зголемат сите мерки за изолација“ и особено да се „стопираат масовните настани, како што е спортот“ се наша гласна порака до раководствата на оваа земја. Белорускиот министер за здравство, Владимир Караник, на ова одговори дека „прекинувањето на првенствата не е негова одлука“.
