Мајмунските сипаници повеќе не се меѓународна здравствена вонредна состојба, изјави денес директорот на Светската здравствена организација (СЗО).
Вирусна инфекција се шири преку близок контакт и обично е придружена со гнојни лезии и предизвикува симптоми слични на грип, објави Ројтерс.
„Оваа одлука се базира на континуираното намалување на бројот на случаи во Демократска Република Конго и другите погодени земји, вклучувајќи ги Бурунди, Сиера Леоне и Уганда“, изјави директорот на Светската здравствена организација, Тедрос Аданом Гебрејесус.
СЗО: Мајмунските сипаници повеќе не се глобална здравствена вонредна состојба