Осум лица починаа од епидемијата предизвикана од вирусот Марбург во северозападната танзанија област Кагера, соопшти Светската здравствена организација (СЗО).
Здравствената агенција на Обединетите нации објави дека преку информативната страница (EIS) ги информирала земјите-членки за појавата на вирусот Марбург во регионот Кагера во Танзанија, како и дека ризикот од натамошно ширење на смртоносната болест во земјата а регионот е висок.
„На 10 јануари, СЗО доби веродостојни извештаи од извори во земјата за сомнителни случаи на вирусот Марбург во регионот Кагера во Обединетата Република Танзанија. Пријавени се шест лица заразени, од кои пет починале. Од 11 јануари 2025 година, девет осомничени случаи, вклучително и осум смртни случаи во две области – Бихарамуло и Мулеба“, се вели во соопштението на СЗО.
Генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус, во објава на социјалните мрежи рече дека „СЗО понуди целосна помош на владата на Танзанија и на погодените заедници“.
Во март 2023 година, танзаниските здравствени власти објавија дека избувнувањето на вирусот Марбург, кое во тоа време уби пет лица во регионот Кагера, е под контрола.
Според СЗО, високо смртоносната болест предизвикана од вирусот Марбург се пренесува од човек на човек со директен контакт со телесни течности на заразени лица или со контакт со опрема и други материјали контаминирани со заразена крв, ткива или телесни течности на заразени лица, како и контаминирани површини или материјали.