Поранешната задругарка Милица Кемез конечно проговори за односот со Зорица Марковиќ и понудата за помош.
„Тоа малку медиумски е поинаку претставено. Таа мене сака да ми помогне вака, но не ми подари плац, ни пак сме седнале да разговараме. Тоа е дезинформација. Треба да се видам со неа, ако има некој контакт да ме упати, да ми помогне. Таа има празен локал, и можеби може да ми го издаде мене, но се уште не сме се виделе. Ми даде поддршка и кажа дека е тука“, вели Кемез.
Имено, додека се уште беше во реалното шоу Кемез истакна дека нема куќа и нема каде да оди по ова шоу, а токму Марковиќ тогаш и понуди помош и поддршка.
