Тага во Белград: Цвеќиња, свеќи и плишани мечиња пред училиштето во кое беше извршен масакрот

Пред основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград, два дена по извршеното страшно злосторство, граѓаните со молчење и солзи сочувствуваат…

Членовите на семејството, пријателите, колегите, сограѓаните со молчење оддаваат почит, положуваат цвеќе и запалат свеќа за трагично загинатите жртви.

Според првите информации, во дворот пред училиштето „Владислав Рибникар“ има големо количество цвеќиња и плишани мечиња.

Во Србија поради трагичниот случај е прогласена тридневна жалост, а од истата причина во Босна и Херцеговина на 5 мај е прогласен Ден на жалост.

Да потсетиме, малолетникот, 14-годишниот ученик Коста К., извршил крвав напад врз училиштето на Владислав Рибникар во Белград, во кое учел и самиот, а според последните информации, дури девет лица загинале во невиден масакр.

Убиен е училишен чувар, осум ученици, а повредени се уште повеќе луѓе, меѓу кои и професор по историја.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното