Хотелските соби на прв поглед секогаш изгледаат совршено, но вистината е сосема поинаква.
Ова се три од многуте „валкани тајни“ на хотелските соби:
- Не ги допирајте украсните перничиња!
Украсните перничиња поставени на креветот изгледаат прекрасно, но тие се вистински рај за бактерии. Тоа е така бидејќи тие често завршуваат на под.
- Не ги користете чашите во собата!
Чашите во хотелските соби иако изгледаат чисто тие најчесто не се мијат со средство, туку се само заплакнати со вода и избришани. Треба да бидеме свесни дека собарките имаат многу соби за расчистување и, секако тоа мора да биде брзо, па тие претпочитаат да не се задржуваат долго во една соба.
- Избегнувајте ја онлајн резервацијата!
Резервирање соба преку интернет можеби има свои предности, но има и свои ризици. Така, според туристичките оператори, може да го добиете најлошиот можен пакет. Хотелските менаџери знаат дека луѓето кои резервираат онлајн, најчесто ја бараат најевтината варијанта, па политиката гласи – полошите соби одат на „онлајн букинг”.