Таксист побарал 700 денари од Центар до Чаир – откако не му дала, ја удрил со возилото!

На 01.02.2025 во 09.45 часот во СВР Скопје Е.Т.(22) од Скопје пријавила дека во центарот на градот околу 05.15 часот се качила во такси возило без ознаки и откако стигнале на подрачјето на Чаир, каде требало да се симне, возачот побарал да му плати 700 денари.

Откако Е.Т. му рекла дека тоа се премногу пари и почнала да се симнува од возилото, возачот го стартувал возилото и пријавителката паднала.

Потоа се вратил наназад со возилото и ја удрил. Е.Т. побарала лекарска помош во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното