Талат Џафери: Има шанси Законот за обвинителство да се донесе до 30 август

Законот за обвинителство се уште не е стигнат во парламентот, но ако стигне денеска и ако има договор меѓу политичките партии, законот може да биде донесен до 30 август, тврди собранискиот спикер Талат Џафери.

Се вчитува...

– Се зависи од односот на политичките субјекти. Ако законот дојде во парламентот, а не е усогласен меѓу партиите, ние можеме да ја почнеме парламентарната процедура и да ја завршиме дебатата. Во тој случај може да одиме на гласање и без 80 пратеници, законот да не го донесиме или да ја прекинам седницата и да чекам договор додека не се обезбеди 2/3 мнозинство – вели Џафери на денесниот брифинг со новинарите.

Според него битно е и ВМРО-ДПМНЕ да го поддржи Законот, но од формален аспект, како што рече Џафери, не е битно од кои 80 пратеници е составен широкиот консензус. 

Роковите околу донесување на овој закон утринава бил интерес и на американската амбсадорка Кејти Бирнс која се сретнала со Џафери.

Тие разговарале и за последните случувања околу СЈО, при што заклучиле дека за ваквите случаи мора да има соодветен епилог инаку се остава простор за шпекулации.

 
Катерина Нешкова

Извор: Сител телевизија