Тамара секој ден јадела по чешне лук: “Ми се случија овие 4 работи, а ТРЕТАТА целосно ме изненади”

Дури и во древниот Египет, лукот е фален со цела уста. Истото важи и за античка Грција, каде што војниците добивале задолжително лук во исхранат, за да бидат похрабри и посилни. И верувале или не, на првите олимписки игри некогаш одржани, сите учесници пред натпреварот грицкале – лук. Решив да јадам и јас – еден ден на ден, една недела.

Секој лекар ќе ви каже дека лукот е секогаш здрав, но сирењето е најздраво. Па решив да пробам една недела, и еве како тоа помина.

За малку да повратам

Првиот ден помина без проблем. За вечера имав јагнешко месо, ориз, некој зеленчук и неколку чешниња лук. Малку мамев, бидејќи лукот не беше жив и свеж, туку испечен, но мислев дека тоа беше доволно добро за првиот ден. И јас се чуствував одлично, пишува новинарката Тамара Приџет за “Попшугар”.

Вториот ден беше веќе друга приказна. Таман сакав да си легнам да спијам, се сетив на мојот лук. . Се вратив во кујната и ислупив главица. Го јадев така, без ништо, како парче јаболка. Отпрвин беше во ред, а потоа наскоро стомакот почна да ме боли. Се вратив во кревет, борејќи се да не повратам.

Гадно ми смрдеше од уста

Кога дури и можев да ја почувствувам миризбата од лукот, не ни сакав да мислам на тоа како им е на другите. Постојано ги миев забите и го испирав грлото со течност, но ништо не помогна. Сè во името на здравјето!

Имав ужасна главоболка

Тоа е едно од неверојатните откритија по мојот експеримент. Секогаш кога ќе јадев лук, по две минути мојата глава ме болеше многу. Подоцна, научив дека лукот кај некои луѓе навистина може да предизвика мигрена ако веќе се склони кон неа.

Големата нужда беше ужас

Како и со здивот (можевте да ме почувствувате пред да ме видете), можеше истото да се почувствува додека сум во тоалетот. Претпоставувам дека со помош на лук исфрлив тони токсини од организмот.

Се на се?

Јас очекував чуда – од тоа дека ќе изгубам тежина, да се зајакне имунитетот, дека мојата кожа ќе сјае, но за жал не се случи ништо спектакуларно. Но, тоа се разбира, не значи дека не би се случило ако продолжев и понатаму да го јадам, но навистина не можев. Сè на сè, лукот, се разбира, останува на менито, но кога ми се допаѓа.