Таравари најави средба со Мицкоски: „Ќе ја објаснам вистинската слика за случувањата во Владата“

Министерот за здравство и лидер на едното крило на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, најави дека во наредниот период ќе се сретне со премиерот Христијан Мицкоски за, како што рече, да му ја објасни реалната слика околу случувањата во Владата и одлуките на неговата партиска струја.

„Премиерот Мицкоски беше под силен притисок изминатиов период. Жал ми е што слушам дека и тој станува жртва на некакви уверувања“, изјави Таравари за ТВ21, нагласувајќи дека единствената вистина е одлуката на неговото крило на Алијанса за Албанците да настапи со посебни листи на локалните избори.

Според него, токму оваа одлука предизвикала реакција кај дел од албанските структури во Владата, кои, како што вели, започнале да шират „алибија и гласини“.

„Не сакаме повеќе да бидеме дел од таа клима на сомнежи, шпекулации и заговори. За жал, дел од политичарите Албанци во Владата не можат да се променат – тие се производ на стар политички менталитет“, рече Таравари.

Тој додаде дека на претстојната средба ќе го информира премиерот за конечната одлука на неговото крило на Алијанса, со цел да расчистат сите дилеми и недоразбирања.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното