Лидерот на Алијанса за Албанците и министер за здравство Арбен Таравари потврди дека разговорал со лидерот на ДУИ, Али Ахмети.
Како што пренесува телевизија Алсат, Таравари во интервју за „Лајм“ изјавил дека немал средба со Ахмети, туку дека разговарале телефонски.
На новинарско прашање дали имал средба со Ахмети или пак, очекува да имаат Таравари вели:
„Не, не, не. Имаше телефонски разговор и тоа е…“.
Претходно, по информациите дека тој е во комуникација со Демократската унија за интеграција, неговиот коалиционен колега од ВЛЕН, лидерот на Демократско движење, Изет Меџити го повика Таравари да пресече дали е дел од нив или е во преговори со ДУИ и Али Ахмети.