Таравари: Се зголемува бројот на пациенти кои се подготвени да се враќаат од странство

Министерот за здравство, д-р Арбен Таравари на денешната изјава за медиумите информираше дека денеска уште 5 пациенти ќе се вратат од странство, од кои 4 од Шпанија и еден од Грција, и веќе се зголемува бројот на пациенти кои се подготвени за враќање.

-Добра вест е што се намалува бројот на пациенти што се лекуваат во странство. Во моментот се 113 пациенти, со тоа што вчера се врати еден пациент од Србија и една пациентка од Бугарија. Пациентите кои денеска се враќаат ќе бидат под 24-часовен надзор според протоколот, доколку конзилиумот од доктори одлучи дека треба да се пуштаат дома, ќе се пуштат на домашно лекување или ќе останат на лекување на некоја од клиниките. Најавени ни се уште 4 пациенти за враќање, но за тоа утре дополнително ќе информираме. До крај на денот во странство ќе продолжат со лекување 108 пациенти. Се надевам дека до крајот на неделата ќе имаме уште поголем број пациенти што ќе се вратат, порача министерот Таравари. 

Во моментот во болниците во државава се лекуваат 23 пациенти, од кои 4 во Клинички центар (2 на пластична хирургија и 2 на токсикологија), 6 пациенти во Стара градска болница, 9 во ГОБ „8 Септември“ од кои еден е подготвен за испис, а во Систина се 4 пациенти. Сите овие пациенти се стабилни и во добра состојба. 

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното