Таравари утре ќе поднесе оставка од министер за здравство

Лидерот на едното крило на Алијанса за Албанците и министер за здравство, Арбен Таравари за ТВ24 изјави дека утре ќе ја поднесе оставката во Владата по одлуката тој како лидер на Алијансата на Албанците да ја напуштат владеачката коалиција и да заминат во опозиција.

Таравари вели дека утре ќе ја ковертира оставката а во вторник на седница во Собранието треба да се потврдат оставките на функционерите и директорите од партијата на Таравари.

Таравари досега не потврди коалицирање со ДУИ и Европскиот фронт за престојните локални избори но големи се шансите дека тоа ќе се случи.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното