Таравари во Љубљана: соработка со Словенија во здравственото осигурување и справување со хронични болести

Министерот за здравство Арбен Таравари во Љубљана се сретна со словенечката министерка за здравство, Валентина Преволник Рупел, при што беше нагласена добрата организација на словенечкиот здравствен систем, кој важи за еден од најразвиените во регионот.

Таравари истакна дека на средбата биле дискутирани можностите за продлабочување на соработката, особено во областа на здравственото осигурување, како и во справувањето со незаразните хронични болести.

„Со министерката Рупел се договоривме за соработка во неколку здравствени области, вклучително и зајакнување на капацитетите за справување со хронични заболувања“, изјави Таравари.

На состанокот присуствуваа и проф. Огнен Костовски, проф. Никола Јанкуловски и д-р Идриз Орана, кои исто така дадоа свој придонес во дискусијата за идните можности за размена на искуства и експертиза меѓу двете земји.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното