Седницата на Советот за безбедност на ОН за Косово е закажана за понеделник, според руската новинска агенција “Тас”, повикувајќи се на дипломатски извори, пишуваат дека Западот бара седницата да се одржи зад затворени врати.
Неофицијални извори велат дека Русија и западните земји не успеале да постигнат консензус за формирање на седницата на Советот за безбедност на Обединетите нации, закажана за в понеделник, а посветен на одлуката за формирање на војска на Косово.
“Група западни земји не ја доведуваа во прашање важноста од одржување на овој состанок, но сугерираше дека форматот ќе биде зад затворени врати”, рече изворот, додавајќи дека поради овие различни позиции не е постигнат консензус.
Според Тас , српскиот претседател Александар Вучиќ треба да дојде во Њујорк за таа цел.
Српскиот претседател Александар Вучиќ вчера изјави дека Србија, по незаконската одлука за формирање на косовската армија побара закажување на итна седница на Советот за безбедност на ОН.