Свет

Таткото скокнал во водата и ги спасил децата, за него било предоцна: Трагедија на езерото Комо!

Таткото скокнал во водата и ги спасил децата, за него било предоцна: Трагедија на езерото Комо!

Германски турист исчезна во италијанското езеро Комо откако успеа да ги спаси своите две мали деца кои паднаа во водата.

Несреќата се случила во понеделник попладне на левата страна од езерото Комо, пред Дорио, објави „Раи Уно“.

Мажот бил на одмор со сопругата, а отишол на патување со брод од градот Донго во покраината Комо. Во еден момент, децата завршиле во водата, а таткото скокнал да ги спаси.

Иако успеал да ги извлече од опасност, тој не се појавил на површината, а се верува дека го влечеле силните струи на езерото.

Алармот го кренале туристите кои од плажата забележале дека човекот не се вратил на површината.

Во потрагата се вклучени противпожарен хеликоптер, водена амбуланта, наутичкиот тим на спасувачката служба од Белан, како и противпожарни единици и крајбрежната стража.

На местото на настанот пристигнале и нуркачи од специјалната единица од Венето.

За утре е најавена употреба на далечински управуван подводен робот, кој пристигнува од Сардинија, со цел детално да се пребара дното на езерото.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни