„Нашиот тим за развој на мрежата на рути преговара со авиокомпании за воспоставување директни воздушни врски со Данска, Финска и Блискиот Исток. Од постојните пазари, во наредниот период ќе се фокусираме на поголема поврзаност со Шпанија и Обединетото Кралство“, изјави во интервју Неџат Курт, генерален директор на „ТАВ Македонија“.
Курт најави дека двата македонски аеродрома ќе бидат поврзани со десет нови дестинации во зимската сезона, која започнува на крајот од октомври и ќе трае до крајот на март.
„Зимскиот распоред на летови за 2025/26 година за Меѓународниот Аеродром Скопје ќе вклучува 49 редовни дестинации, кои ќе ги опслужуваат 17 авиокомпании, како и 13 чартер дестинации, кои ќе ги опслужува една авиокомпанија“, додаде Курт.