ПОЛИЦИЈАТА на островот Квадра во Британска Колумбија на 30 октомври добила пријава за некој вика „помош, помош“ од карпа и била загрижена дека лицето паднало од карпа, пренесува UPI.
Но, се покажа дека во необичниот повик не е вклучено лице во неволја, туку „тажна“ коза. Службениците на местото на настанот забележале дека плачот на козата звучел слично на некој што вика за помош.
Полицијата излезе на терен
„Понатамошната истрага откри дека врисоците што се слушнале всушност биле од „тажна“ коза од соседна фарма за кози“, се вели во полициското соопштение. Сопственикот на фармата им кажал на полицајците дека козата ја вика млада.
За среќа, полициските службеници потврдија дека се е во ред и дека никој, освен козата мајка, немал мака“, заклучуваат оттаму.