Пејачот Андреј Ѓоргиески од ДНК, им подлегнал на повредите од пожарот во Кочани. Веста за неговата смрт Телма ја дознава од неговото семејство.
Исто така музичарот Филип Стевановски од Куманово – придружен член на дуото ДНК загинал во пожарот што ја зафати дискотеката „ Пулс“ во Кочани.
Стевановски беше продуцент, пијанист, тромбонист и композитор , а магистрирал jazz музика. Работеше во Државниот музички училишен центар „ Сергеј Михајлов“ во Штип, велат од Тв Стар.
Во несреќата загинал и тапанарот на ДНК, Ѓорѓи Ѓорѓиев од Струмица.