Теја Дора настапи на Евровизија: Претставничката на Србија ги воодушеви сите со својата необична креација, интересниот сценски настап и моќниот глас

Претставничката на Србија на Евровизија Теја Дора настапи втора по ред во првата полуфинална вечер и ја воодушеви публиката.

Таа на сцената се појави во интересна креација, додека зад неа стоеше веќе добро позната карпа.

Теја Дора со својот моќен глас ја воодушеви публиката која заедно со неа ја пееше песната, а цело време додека настапуваше имаше овации.

Пред Теј Дора претходеше претставникот на Кипар, а зад него беа Литванија и Ирска.