Телевизија ВИС од Струмица, по 33 години постоење, официјално згасна. Според објавите во повеќе медиуми, телевизијата веќе неколку дена не емитува сигнал, оставајќи го градот без локален телевизиски медиум. Вработените се упатени во Агенцијата за вработување, додека медиумот останува во историјата како единствениот што долги години информираше за локалните настани.
Граѓаните на Струмица изразија разочараност од оваа одлука, коментирајќи дека телевизијата беше важен дел од нивното секојдневие. Со затворањето на Виз, медиумскиот простор во регионот ќе остане со ограничен број локални опции за информирање.
Во мај 2023 година беше продадена на градежната компанија „Синерџи Груп Инженеринг ДОО“. Оваа компанија е во сопственост на Васко Јорданов и Никола Милушев, кој е зет на сестрата на струмичкиот градоначалник Костадин Костадинов.