Синоќа околу 21 часот во Полициската станица Центар било пријавено дека пред угостителски објект на ул. „Македонија“ бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу В.П. (29) и А.М. (29), двајцата од Скопје.
Според пријавеното, причина за пресметката се меѓусебни недоразбирања.
Се работи на расчистување на случајот.