Тереза Меј го „преживеа“ гласањето, останува премиерка

Британската премиерка Тереза Меј, денеска се соочуваше со гласање за недоверба, откако 48 членови на нејзината партија, кои се и дел од Парламентот, предадоа писмо во кое побараа да се гласа за нејзина смена.

Во гласањето Меј доби доверба од 200 гласови, а 117 гласаа против нејзина смена. Со тоа Меј ќе биде сигурна цела година, затоа што во тој период не смее да има гласање за недоверба.

Функцијата на Меј стана „нестабилна“ со најновите случувања за Брегзит за кое треба наскоро да се случи, и идната година Велика Британија да остапи од членството во ЕУ.

Извор: ТВ21

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното