Тереза Меј не отстапува од Брегзит: „Ќе го пребродам обидот за соборување од власт“

Британската премиерка Тереза Мај ги отфрли шпекулациите дека може да биде соборена од премиерската функција поради нејзиниот договор за Брегзит. И покрај неколкуте оставки на министри во британската Влада и се погласните шпекулации за гласање недоверба, Меј вети дека ќе го потпише договорот во Брисел и ќе го достави пред пратениците. Курсот што го поставив е вистинскиот за нашата земја, рече таа. Во меѓувреме, основачот и уредник на сајтот БрегзитЦентрал, Џонатан Исабеј на Твитер напиша дека конзервативците собрале доволно потписи за гласање надеверба на Меј како лидерка на партијата.

Извор: ТВ21

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното