Велешанец со возилото вчера излетал од пат и се здобил со тешки повреди.
Околу 15.40 часот вчера на крстосница од регионалниот пат за село Извор со локалниот пат за село Горно Оризари, на место викано „Свилара“, велешко, 33-годишниот Е.М. управувајќи патничко возило „пасат“ со велешки регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од коловозот.
Во незгодата Е.М. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во болницата во Велес за укажување на лекарска помош.
Увид извршила екипа од СВР Велес.