Тешка сообраќајка кај „Порше Македонија“, сообраќајот пренасочен

Попладнево се случила тешка сообраќајна несреќа во близина на „Порше Македонија“, на патниот правец од Словенечка кон Бутел, потврдуваат очевидци.

На местото има голем број полициски екипи, а сообраќајот е пренасочен кон алтернативни правци.

Засега нема официјални информации за повредени лица, ниту за причината на несреќата.

Полицијата врши увид и апелира возачите да бидат внимателни и да ја избегнуваат оваа делница додека трае интервенцијата.