Тешка сообраќајна несреќа кај Мала Речица – едно лице загина

Шеесет и шестгодишен  жител од Голема Речица И.Б. починал попладнево околу 15.30 часот од повредите што ги добил во сообраќајна несреќа, соопшти МВР.

Управувајќи „опел астра“ со тетовски регистарски таблички, И.Б. удрил во бандера на локалниот пат Пирок – Тетово кај Мала Речица. Бил пренесен во Клиничката болница Тетово каде што починал.

Полицијата работи на расчиствување на несреќата.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното