Македонија

Тешка сообраќајна несреќа пред патарина, затворен патот Тетово-Гостивар

Тешка сообраќајна несреќа се случи вечерва пред патарината кај Тетово во правец кон Гостивар. Во моментов нема информации колку возила учествувале во истата, јавува репортер на 4NEWS.mk

Од АМСМ инфомираат дека патниот правец е затворен за сообраќај.

„Од АМСМ известуваат дека од 21 часот сообраќајот на патниот правец Гостивар – Тетово, кај клучката кај Камењане, е во прекин поради сообраќајна незгода“, се вели во известувањето од АМСМ.

На лице место е возило на полицијата. Предизвикан  е голем метеж на овој патен правец.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни