Патниот правец кон ГП Ново Село – Струмица од вечерва од 20:45 часот е во прекин во двата правци, соопшти АМСМ.
Според нивното известување, прекинот е поради случена сообраќајна незгода на овој патен правец.
Засега нема повеќе детали за сообраќајната несреќа.
Полицискиот увид е во тек.