Железничката несреќа во која загинаа 57 лица, а десетици беа повредени предизвика масовни протести и генерален штрајк во Грција.
Граѓаните излегоа на протести барајќи правда. Тие обвинуваат конзервативната влада дека не направила доволно за да ја расветли несреќата.
Голем број сметаат дека грчките власти се обиделе да ја прикријат одговорноста на одредени високи функционери.
„Тука сум во спомен на луѓето кои загинаа, бараме правда“, вели тринаесетгодишниот Димитрис, кој дојде со својот татко Петрос Полизос на најголемиот протест во земјата, што се одржа на плоштадот Синтагма во центарот на Атина.
Ноќта на 28 февруари 2023 година, патнички воз полн со студенти се судри со товарен воз во близина на клисурата Темпи во централна Грција.
Причината за несреќата е човечка грешка, соопштија истражителите во четвртокот, како и лошото одржување на железницата и вработувањето на непрофесионален персонал.
Безбедносните дефекти, кои доведоа до несреќата, се уште не се решени, се вели во извештајот на грчката Дирекција за истрага на воздушни и железнички несреќи.
Протести се одржуваат во 346 грчки градови.
Поддршка доаѓа и од дијаспората, па Грците излегоа на улиците во многу европски градови, како што се Брисел, Рим и Лондон.