Ема Хеминг Вилис, сопругата на Брус Вилис, рече дека е „тешко да се знае“ дали тој е целосно свесен за неговата состојба – фронтотемпорална деменција, објавија медиумите на ПА/ДПА.
Неговата ќерка Румер Вилис на својот Инстаграм профил на почетокот на оваа година објави дека на 68-годишниот актер, познат по улогите во Умри машки и Шесто сетило, му била дијагностицирана оваа болест.
Во емисијата „Today“ на NBC, Ема Хемиг Вилис проговори за состојбата на нејзиниот сопруг. „Она што го учам е дека деменцијата е тешка состојба. Тешко е за лицето кое е дијагностицирано, но тешко е и за семејството. Не е поинаку за Брус, не е поинаку за мене, не е поинаку за нашите девојки. Кога се вели дека тоа е семејна болест, тоа навистина е“.
На прашањето дали нејзиниот сопруг знае што се случува и дали е свесен за неговата состојба, Ема Хеминг Вилис рече: „Тешко е да се разбере, тешко е да се разбере“.
Во март 2022 година, Румер Вилис сподели на Инстаграм дека на нејзиниот татко му била дијагностицирана афазија, нарушување што влијае на комуникациските вештини.
Во 2023 година, таа ја ажурираше информацијата, објаснувајќи дека тој добил „поконкретна“ дијагноза на фронтотемпорална деменција поврзана со прогресивни нарушувања во однесувањето или јазичните функции.
Во објавата за афазија од 2022 година, Румер исто така открива дека Брус Вилис „ќе стави крај на кариерата што му значеше толку многу“.