ТИ: Македонија и Косово најкорумпирани земји на Балканот

Најкорумпирани земји во Западен Балкан, според истражувањето на Транспаренси Интернешнл (ТИ),  се Албанија, Македонија и Косово, кои се наоѓаат на 99-то, односно 93. место според Индексот на корупција. По нив следуваат БиХ и Србија на 89., односно на 87. место, додека Црна Гора е на  67., а Хрватска на 60. место.

Во врска со Македонија во извештајот се наведува дека по падот на владата во 2017 година, очекувањата за антикорупција се високи во земја заинтересирана за отворање на претпристапните преговори со ЕУ.

Додека законските рамки и демократските институции се стабилни во многу земји од Западна Европа и ЕУ, сè уште постојат значителни можности за подобрување во регионот. Иако постои законодавен предлог на ЕУ за подобрување на заштитата на информаторите, постои прашање дали тоа ќе биде договорено од страна на земјите-членки. Регионот треба да ја обедини јавната поддршка за предлогот и да ја зајакне способноста на граѓаните да се спротивстават на корупцијата.

Извор: ТВ21